Ердоган очекува утре да биде прогласено примирје во Идлиб

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува во сириската провинција Идлиб да биде прогласено примирје по неговиот утрешен состанок со рускиот колега Владимир Путин.

– Што се однесува до преговорите, очекуваме да се прогласи прекин на огнот, истакна Ердоган.

Конфликтот во регионот Идлиб, поради кој речиси еден милион луѓе се раселени, е интензивиран во последните денови меѓу бунтовничките сили, поддржани од Анкара, од една страна, и сириските владини сили, поддржани од Москва и Техеран, од друга страна.

Борбата за Идлиб, кој претставува последна голема област во северозападниот дел на Сирија под контрола на бунтовниците, би можела да предизвика, според оценките на ОН, најголема хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години