Прв воздушен напад на Американците врз талибанците по потпишувањето на мировниот договор

Од:

САД извршиле воздушен напад врз позициите на талибанците во провинцијата Хелманд, на југот од Авганистан, што претставува прв американски напад врз нив од потпишувањето на договор.

Британските медиуми наведуваат дека претставникот на американската војска во Авганистан, полковникот Сони Лигет, изјавил дека нападот бил изведен бидејќи талибанците активно напаѓале контролен пункт на авганистанските национални безбедносни сили.

-Од тие причини врз талибанските напаѓачи биле изведени дефанзивни воздушни напади, изјави полковиникот Лигет.

Тој изјави дека Вашингтон посветено се залага за мир, но на талибанците им упатил апел да ги прекинат „непотребните напади“ и да ги почитуваат обврските преземени со потпишувањето на договорот минатата сабота во Доха.

Американските медиуми информираат дека американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди веста дека телефонски разговарал со лидерот на талибанците.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија