Полска под снег, 100.000 луѓе без струја

Од:

Службите за вонреда интервенција во Полска денес се обидуваат да ги исчистат патиштата и да набават снабдување на струја за повеќе илјадници оштетени куќи на истокот на државата. Се проценува дека најмалку пет лица починале од ладното време.

Полското радио пренесе дека повеќе од 100.000 луѓе вчера останале без струја, по снегот и ладното време кое што откорна неколку столбови на кои што се наоѓале кабли.

Државната теливизија на Полска извести дека за викенд паднале 30 сантиметри снег, поради што многу патишта се уште се завеани, пренесе „Би би си“.

Силен снег падна и во Русија, а во Москва достигна 65 сантиметри.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина