Хрватска има најголема стапка на дебелина меѓу возрасните мажи во земјите од Европската унија.
Според Европската здравствена анкета, во Хрватска секоја втора личност има прекумерна телесна маса, односно е дебела, соопшти денеска Хрватскиот завод за јавно здравје.
Во проектот на Заводот „Да се живее здраво“ се посочува дека причините за дебелина се многу покомплексни од лошите прехранбени навики и нередовна телесна активност. Тие потенцираат дека дебелината не е само лична одговорност, туку врз тоа влијаат и надворешни услови, маѓу кои и општествено-економската нееднаквост.
Заводот предупреди дека прекумерната тежина може да се поврзе со падот на очекуваното траење на живот за дури 3,5 години во следните 30 години. Дебелината е една од најголемите грижи во областа на јавното здравје во 21 век, а таа хронична болест на глобално ниво ја имаат 650 милиони возрасни луѓе.