Обрадовиќ ги повика војската и полицијата да ја преземат власта поради мигрантите

Од:

Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ, ги повика армијата и полицијата да ја преземат власта во земјата и да ги заштитат границите од мигрантите, и, како што рече, да се изолира претседателот Александар Вучиќ, бидејќи, според него, тој станал безбедносна закана поради политиката што ја спроведува кон мигрантите.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ на прес-конференција во српското Собрание кажа дека Вучиќ поради меѓународна поддршка е подготвен да ја поддржи, како што рече, „миграциската политика на Сорос“, која подразбира отворени граници за мигрантите.

„Србија е најотворена земја благодарение на поддршката што Вучиќ ја дава на политиките на Ангела Меркел и на Сорос. Вучиќ смета дека мигрантската криза може да помогне во наталитетот. Ако Србија секоја година ја напуштаат 50.000 лица, дали тоа значи дека Србија секоја година ќе прими 50.000 мигранти“, изјави Обрадовиќ.

Тој тврдеше дека Вучиќ стои зад таквата политика и дека тоа им го ветил на Сорос и на Ангела Меркел и затоа е подготвен да ја жртвува земјата.

Лидерот на Двери оцени дека најдобрата мигрантска политика е онаа што ја спроведуваат земјите од Вишеградската група, кои, како што кажа, ги штитат своите граници.

Околу проблемот со мигрантите денеска се јави уште една десничарска партија во Србија, Движењето за обнова на Кралството Србија, која побара од Владата да ги затвори границите кон Северна Македонија и Бугарија за мигрантите и зголемување на полициски патроли на границата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ