За време на гостувањето во вестите на американската телевизија Фокс, Блумберг кажа дека е „синхронизиран со видовите политики кој демократите најмногу ги сакаат“.
„Веројатно имам направено многу повеќе за Демократската партија и членовите од кој било друг кандидат за претседател, рече бизнисменот.
На прашање од новинар во врска со превенцијата на коронавирусот, тој го обвини актуелниот претседател, Трамп дека неодговорно се однесувал кон докторите и дека поставувањето на Мајк Пенс за лидер во водењето на политиките против коронавирусот е грешка, додавајќи дека тој истиот Пенс рекол дека „пушењето не предизвикува канцер“.