Од 1. септември се воведува средно образование во општина Илинден

Од:

Со изградбата на новото модуларно училиште, од први септември годинава во општина Илинден првпат ќе биде воведено средно образование.

Во новото средно стручно училиште „Илинден“, согласно Конкурсот за запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2013/2014 година издаден од Министерството за образование и наука, ќе се запишат 68 ученици во две паралелки за електотехничка струка. Од нив половина ќе можат да се запишат во паралелката за електротехничар за електроника и телекомуникации и 34 ученици за електроничар за компјутерска техника и автоматика.

Учениците ќе можат да конкурираат за запишување во средното училиште „Илинден“ со минимум 55 поени. Пријавувањето ќе се одвива во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавување во јунскиот и едно пријавување во автустовскиот рок.

Изборот на насоките што ќе се реализираат во новото средно училиште, како што информира општина Илинден, е резултат на успешната соработка на локалната самоуправа и бизнис секторот.

– По сеопфатната анализа за потребите од соодветни кадри за стопанството во општината произлезе изборот на средното училиште кое ќе профилира кадри кои веднаш по завршувањето ќе бидат оспособени да се вклучат во производствените процеси. Оваа практика од поодамна позната во светот, првпат во нашата земја се применува токму во Илинден, се вели во соопштението од општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование