А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Варошлија: Камчева и Милески заедно доаѓаа во 1ТВ и домот на Бојан, а Јанева не сум ја видел

by А1он03/03/2020 - 11:4603/03/2020 - 11:501320
Share0

Ексвработениот во 1ТВ, Сергеј Варошлија, кој беше присутен и при апсењето на Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, на денешното рочиште раскажа дека ги видел осудениот Зоран Милески-Кичеец во придружба на Ана Камчева во седиштето на поранешната „1 ТВ“. Втор пат, Камчева и Кичеец ги видел во домот на Јовановски, кога се разминале додека тој заминувал а тие доаѓале во Орман.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Не носеа ништо“, рече Варошлија одговарајќи на прашање од адвокатот на Сашо Дуковски дали во нив имале ташна или несесер.
Еднаш, посочи Варошлија, бил поканет на ручек во ресторан од Бојан Јовановски, каде била и Ана Камчева.

Тој во сведочењето напомена дека никогаш не ја видел поранешната специјална јавна обвинителка, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на Јовановски.

За денот на апсењето, Варошлија кажа дека тој, новинарката Анета Кочишки и водителката Лила Филиповска требало да одат на одмор.Според него, одморот бил планиран од пролетта, што знаи дека Јовановски не планирал да бега. Утрото, тие отишле во домот на Јовановски. Кога стигнале на граница, на пасошка контрола, Јовановски го тргнале на страна, а на нас ни кажаа дека можеме да си одиме, а тој да остане таму.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Правеа претрес. Беа одземени мои работи, чевли, чанти. Мислеа дека се што е брендирано е на Бојан. Одморот секој сам си го плати“, раскажа Варошлија.

Според сведочењето на Варошлија, осудениот Зоран Милески-Кичеец во угостителски објект ги честел за еден од неговите родендени, бидејќи требало да го слави во домот на бизнисменот Орце Камчев, кој пак го пријави случајот „Рекет“. Частењето во кафуле било бидејќи првоосомничениот Јовановски не сакал да оди таму.

Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственичка на оптика и имала соработка, односно се познавала и патувала со обвинетиот. Таа кажа дека се познавала со него и тоа многу и помогнало бидејќи познанставата на Јовановски и носеле нови клиенти. Таа пред судот кажа дека со Јованвоски била и пет дена на одмор во Грција, но се сама си платила.

„Сама си ги плаќав патувањата, освен кога сме патувале со автомобил“, рече Јанковска.

На прашањето од адвокатот Сашо Дуковски, дали Јовановски добивал нешто при патувањата и средбите во странство, сведокот Јанковска рече дека се случувало модните брендови да им подарат на инфуленсерите нешто што треба да излезе следната сезона.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео