НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

Од:

Албанската партија Национална демократска преродба (НДП) на редовната седница на Централното Собрание донела одлука да не учествува на предвремените парламентарни избори на 12 април.

За ваквата одлука од партијата се повикуваат на неколку причини, а како прва го наведуваат неуспехот на албанските опозициски партии за формирање на еден здрав, национален опозициски блок БЕСА, ДПА, ДР-ДПА, НДП.

„Повикувајќи се на последнoто неприфаќање на идејата за соединување на опозициските сили, ДПА, БЕСА, НДП, со тоа што дека сега партијата БЕСА заврши со македонскo-албанска коалиција, СДСМ и партијата БЕСА; почитувајќи ги последователните барања, веќе три децении на албанскиот народ, за унифицирање и непарцијализирање  на албанскиoт глас во линија на правата на албанскиот народ; имајќи го предвид фактот дека правната држава не постои, и дека државните институции не презеле ниту најмалиот чекор за да ја откријат вистината за многуте феномени што ја карактеризираа плуралистичката Македонија, а каузата на НДП е ексклузивна битка за владеење на правото какo и откривање на вистината за многуте општествени политички феномени, повикувајќи се на нашата мисла, дека изборите на 12 април ќе бидат нај нечесните избори одржани некогаш донесовме одлука да не учествуваме на изборите“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов