САД соопштија дека распоредиле воен брод во близина на крајбрежјето на Јужна Кореја, способен да пресретнува и соборува ракети.
Јавното објавување на одлуката е нов израз на желбата на Вашингтон да ја истакне поддршката за Сеул против заканите на Пјонгјанг.
Воениот брод „Фицџералд“, кој учествуваше во воените вежби во регионот, ќе остане југозападно од полуостровот, наместо да се врати во базното пристаниште во Јапонија.
Тоа е мерка на претпазливост, која овозможува повеќе варијанти за противракетна заштита во случај на неопходност, изјави анонимен американски извор.
Во исто време, САД соопштуваат дека сериозно придвижување на севернокорејски војски засега не е забележано.