Кошаркарите на Јута го совладаа Портланд и остварија значајна победа во обидот да го освојат осмото место на „Западот“ и да се пласираат во плеј-офот од НБА лигата.
Со оваа победа „Џезерите“ од Јута имаат биланс од 39-36 (победи-порази) или еден триумф повеќе од директниот конкурент ЛА Лејкерс кој има биланс 38-36.
Постигнати резултати на ноќешните НБА натпревари: Јута – Портланд 112:102, Торонто – Детроит 98:108, Атланта – Кливленд 102:94, Милвоки – Шарлот 131:102, Мемфис – Сан Антонио 92:90, Хјустон – Орландо 111:103, Минесота – Бостон 110:100 и Лос Анџелес Клиперс – Индијана 106:109.
Двојки за вечерва: Вашингтон – Чикаго, Мајами – Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс – Далас.
Пласман Источна конференција: Мајами 58-15 (победи-порази), Индијана 48-27, Њујорк 46-26, Бруклин 42-31, Атланта 42-33, Чикаго 40-32, Бостон 38-36, Милвоки 36-37,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-19, Оклахома Сити 54-20, Денвер 50-24, Лос Анџелес Клиперс 49-26, Мемфис 50-24, Голден Стејт 42-32, Хјустон 41-33, Јута 39-36, Лос Анџелес Лејкерс 38-36,…