Курти: Таксата ќе се укине штом се изготви елаборацијата за реципроцитет кон Србија

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине веднаш откако ќе се воспостави целосен реципроцитет кон Белград, за што се очекува елаборацијата од Министерството за економски развој.

На отворањето на изложбата „Спомените на Косово, портрети на Адем Демачи во уметнички слики и фотографии“, Курти побара од новинарите да не брзаат во поглед на таксата и реципроцитетот, затоа што, како што рече, неговата Влада „не прави грешки“.

„Таксата ќе се замени со реципроцитет. Не се брзајте, бидејќи треба да ја изготвиме елаборацијата за реципроцитет, за што е задолжено Министерството за економски развој, и веднаш штом ја добиеме ќе ја замениме таксата од 100 отсто. Но, ние не правиме грешки, чекориме право и исправно на нашиот добар пат“, изјави Курти.

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Курти на почетокот на работите на патот Призрен – Тетово: Ги поврзуваме двата историски града

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Курти до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје