А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава против полициски службеник за земање мито

by А1он26/02/2020 - 13:28509
Share0

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи
на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. e лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка
притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

Следете a1on на Youtube YouTube
krivicna prijavamito

Би можело да ве интересира

Екс градоначалникот на Вухан е осуден на 14 години затвор за примање 9 милиони долари мито

А1он10/10/2026 - 18:55

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он01/10/2026 - 15:2901/10/2026 - 15:46

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он25/09/2026 - 17:34

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он12/09/2026 - 12:0412/09/2026 - 13:12

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 16:38

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он10/09/2026 - 17:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео