Филипче не размислува за карантин, патниците од Италија се пуштаат дома

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не размислува за тоа сите кои доаѓаат од Италија да ги стави во карантин.

„Тие добиваат препораки што да прават“, вели Филипче.

Патниците кои доаѓаат од ризичните подрачја заразени со коронавирусот, секаде во светот мораат да престојуваат 14 дена во карантин.

Кај нас, ваквите патници се пуштаат дома со основни препораки за претпазливост.

Новите истражувања на кинеските доктори покажуваат дека периодот на инкубација може да трае 24 дена, што значи дека еден човек кој во себе го носи коронавирусот може да зарази илјадници луѓе, па дури потоа и самиот да забележи симптоми на болеста. Ова е причината зошто вирусот толку брзо се расшири низ Италија.

Во моментов на Инфективната клиника се чекаат резултатите од еден човек кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што престојувал шест дена.

Минатата ноќ јавноста беше вознемирена од веста дека на Инфективната клиника во Скопје се пријавил Италијанец кој се сомневал дека го има коронавирусот, но резултатите од испитувањето покажаа дека тој не е заразен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса