Поради изведување градежни работи на магистралниот пат А2 од Подмоље до село Мислешево утре во период од 11:00 до 15:00 часот сообраќајот на тој потег ќе се одвива по Р-1208 (стариот пат).
Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.