Службата за спомен во чест на НБА легендата, Коби Брајант и неговата тринеасет годишна ќерка помина во одлична организација со многу силни емоции од пристутните.
На комеморацијата, одржаа говори сопругата на Коби како и најблиските негови пријатели.
Во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес покрај говорите, јавноста можеше да слушне и неколку настапи од познати музички ѕвезди.
Ванеса Брајант со солзи во очите ги допре емотивно сите присутни во салата, таа ја оплакуваше големата загуба на својата ќерка, „слатка и мирна душа“ и преталентирана атлетичарка кој заминува во вечноста.
Таа зборуваше и за нејзиниот духовит и романтичен сопруг со „нежно срце“ и „танцувачки“ татко за кој семјството секогаш било на прво место.
Ванеса за нив кажа дека тие биле среќни, забавни и го сакаа животот додавајќи дека Бог знаел дека двајцата не можеле да бидат еден без друг „тој мораше да ги донесе заедно на небото“, рече сопругата.
Алиша Кис настапи со изведба на „Месечевата соната“ на Бетовен. Сонатата која ја свиреше на пијаното беше во придружба на виолина и виолончело.
На крајот од настапот таа не можеше да издржи и се расплака заедно со сите присутни во салата.
Vanessa, when you told me the Moonlight Sonata is such a beautiful part of your love story bc Kobe vowed to learn it for you, I was speechless… I felt the depth of your love for each other & your girls with every note I played today. The love between u lights up the world. pic.twitter.com/NeVOggET3k
— Alicia Keys (@aliciakeys) February 24, 2020
Стариот пријател и колега Шекил ОНил со трогателен говор предизвика силни емоции изразувајќи ја почитта кон Брајант.
Шекил зборуваше за деновите поминати заедно, за нивните падови, но и победи во кариерата.
Тој во тажните моменти успеа да ја насмеа публиката зборувајќи за еден разговор што го имале со Коби.