Промовирани две дела за македонската книжевност во Белград

Од:

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Белград, во организација на Здружението „Македониум“ првпат во Србија беа промовирани книгите „Вовед во проучувањето на македонската книжевнст“ и „Антологија на македонската книжевнот во 19 и 20 век“.

Делата, кои беа промовирани во Педагошкиот музеј во Белград, плод се на истражувањата на професорите на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Жељко Милановиќ и Ивана Живанчевиќ Секеруш.

– Книгата „Вовед во проучувањето на македонската книжевност“ е лична карта на националната книжевност и на националната македонска култура и е прва средба на студентите по книжевност во Србија и на сите странци со македонската книжевност, изјави директорот на Педагошкиот музеј и поранешен српски министер за образование и спорт Слободан Вуксановиќ.

Ова, како што рече, се капитални дела кои секоја држава и секоја нација љубоморно ги чува и негува и кои се неизбежни во проучувањето на историјата на културата и книжевноста на еден народ.

Книгите се наменети за студентите по српска книжевност, на едно место да ги имаат текстовите на сите македонски автори од 19 и 20 век и полесно да ја следат наставата по македонска книжевност.

-Со книгите сакавме да го прекинеме и дводеценискиот дисконтинуитет во присуството на македонската книжевност во Србија и академското истражување на македонските автори, што двете блиски книжевности го заслужуваат, кажа еден од авторите на книгите, Жељко Милановиќ, професор на Филозовскиот факултет во Нови Сад.

Тој соопшти дека македонската книжевност и македонскиот јазик се присутни во Србија и постои интерес за нив, а на Филозофскиот факултет во Нови Сад македонската книжевност е двосеместрален изборен предмет кој го слушаат од 20 до 40 студенти.

-Верувам дека во Србија и кај нас на факултетот, постои потреба за присуство и работа на македонски лектор и со интензивирање на напорите на двете земји, такво нешто може да се случи во блиска иднина бидејќи присуството на македонски лектор е важно и поради јазикот и поради подинамичната културна соработка меѓу српската и македонска публика, оцени Милановиќ.

Книгите „Вовед во проучувањето на македонската книжевност“ и „Антологија на македонската книжевнот во 19 и 20 век“ се издадени на српски јазик, а издавач е Филозофскиот факултет од Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска