Најмалку две лица загинаа, а тринаесет се повредени во пожар кој изби во една зграда во Келн, соопштија медиумите, нагласувајќи дека зградата е целосно изгорена.
Според официјалните лица, причините за пожарот се уште не се познати, како и идентитетот на жртвите.
Последниот голем пожар се случи овој месец во Бакнанг, кај Штутгард во кој настрадаа една Tурчинка и нејзините седум деца.
Пожарот тогаш предизвика бурни реакции во Турција, чии државни функционери побараа германските институции да направат сеопфатна истрага и да го проверат целиот случај, за да се избегнат сомнежите.
Елена Георгиевска