Лидерот на „Црвено црните“ гаѓан со јајца и тврди предмети

Од:

Лидерот на албанската националистичка Алијанса „Црвено црни“ Крешник Спахиу, на собирот во Елбасан од две лице бил гаѓан со јајца и камења, но не бил повреден, јави дописникот на МИА од Тирана.

Како што јавуваат албанските медиуми, мотивите за нападот сеуште не се познати. За време на собирот имало обиди на двапати да биде прекинат истиот, но ситуцијата била нормализирана по интервенција на активнистите Алијансата кои ги отстраниле од собирот двете лица.

Потврдувајќи го инцидентот, Спахиу за телевизијата „Њуз 24“ телефонски изјавил дека на 7 април Алијасата, во Тирана, ќе одржаела уште помасовен, мирен но величенствен, собир, кој ќе го означи крајот на владеењето на Бериша. Црвено црните кои од март лани се трансформираа во политички субјект познати се по острата националистичка реторика.

Тие беа против етнички попис во Албанија, а по нивно барање во декември 2011 година Уставниот суд оцени дека терминот националност во граѓанската евиденција е неуставна категорија и ги избриша малцинствата, меѓу нив и Македонците, од тој регистар. Македонците и другите малцинства побараа посредство од ОБСЕ за враќање на националноста во регистарот, а барање за тоа доставија и до сите албански државни институции и претставниците на меѓународните организации.

Сега заедно со претавниците на грчкото малцинство тоа право го бараат во судот во Старзбург. Нивните активнисти неодмана ги вознемируваа Македониците во Мала Преспа. Таа е блиска со косовоското движење „Самоопределување и отворено се залага за обдинување на Албанците на Балканот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски