Откажан ВТА турнирот во Ксиан поради коронавирусот

Од:

Женскиот тениски турнир во Ксиан годинава нема да се оддржи. Настанот што е вметнат во календарот на ВТА во средината на април е откажан поради појавата на коронавирусот во Кина.

Потврда на веста стигна и од Женската тениска асоцијација и од организаторите. Настанот беше од категоријата 125 и требаше да се одржи од 13 до 19 април.

Тенис во Ксиан дефинитивно ќе нема, интересно е што ВТА сè уште не реагира со откажување на турнирот и во Кунминг во јужна Кина што почнува на 27 април.

Како последица на коронавирусот, досега во Кина починаа над 2.100 лица. Тоа е причина за откажување на бројни меѓународни спортски настани во земјата, меѓу кои и трката во Формула 1 што требаше да се вози на 19 април.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски