„Алатките за транспарентност се секогаш добредојдени но податоците треба да се презентираат секогаш објективно и точно, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг во Македонија расте, а не се стабилизира како што изјави министерката Нина Ангеловска на денешната презентација на јавниот долг.
Еве да погледнеме што говорат фактите. Какво е тоа стабилизирање на јавниот долг кога во 2017 година бил 48.7% од БДП или 4.78 милијарди евра, потоа во 2018-та година изнесува 48.6% од БДП или 5.2 милијарди евра, а 2019-та година е 48.9% од БДП или 5.54 милијарди евра?“, вели преки соопштение дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.
„Факт е дека јавниот долг расте секоја година, а оваа Влада не знае како да го стабилизира, а камоли да го намали. Само за 3 години јавниот долг пораснал за цели 780 милиони евра.
Македонија е на последното место во Западен Балкан по економски раст, државата достигнува рекорди во задолженост, а ги нема капиталните инвестиции и се поставува прашањето каде и за што одат, сите овие пари на граѓаните?“, соопштува Димитриеска – Кочоска
„Се надевам дека транспарентната министерка Нина Ангеловска, ќе се ангажира конечно да се вклучи бројчаникот на Порта Македонија, за да може да го регистрира следното задолжување на државата, кое е предвидено за 25.02.2020 година“, додава на крајот од соопштението, Димитриеска – Кочоска.