Кампањата и појавата на политичката сцена на тајкунот Блумберг е возбудлива и претставува одличен политички екперимент.
Блумберг на еден чуден начин ја започна и водеше кампањата без да организира јавни настапи, говори, интеракција со гласачите.
Критичарите сметаат дека поранешниот градоначалник потрошил премногу пари во својата „безначајна“ кампања.
Според Вокс, Блумберг потрошил повеќе од 400 милиони долари свои пари во маркетиншки цели за неговата политичка кампања.
Новинарката на магазинот, Езра Клајн пресмета дека неговата кампања до сега чини повеќе од сите демократски кампањи заедно.
Но тој иако целосно се посвети периодот да биде номиниран од Демократската партија на САД за да трча за претседател, се чини дека поддржувачите не препознаа во него вистински претставник за претседателските избори во 2020 година.
Во јавноста постоеше мислење дека тој ги поткупил гласачите по трката во Њу Хемпшир за да продолжи во следната фаза, но сето тоа е сега безначајно откако во јавноста се појавија обвинувањата дека планира да инвестира голема сума на пари за поткуп.
Според повеќето политички магазини, меѓу кој и според Политико, на последната дебата во Лас Вегас, Блумберг е кандидат со најмала поддршка.
Тој на вчерашната дебата беше нападнат од кандидатите, Сандерс, Ворен и Пит, а неговото неискуство на политичката сцена е забележливо, заклучуваат од Политико.