Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?

Од:

Половина час пред судот првообвинетиот за „Рекет“ Бојан Јовановски образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен „Рекет“.

„Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене. Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?”, рече Јовановски, на што реагираше обвинителката Вилма Русковска, а Јовановски и рече: „Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности“.

„Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска келија“, рече Јовановски.

Судијката Васка Николовска Масевска го ислуша Јовановски, по што рочиштето беше завршено.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог