Авион на САД денеска повторно го надлетуваше Корејскиот Полуостров, на мисија за надзор на Северна Кореја.
Американскиот воен авион РЦ-135В бил забележан на небото над Јужна Кореја, а само минатиот месец летал четирипати над Корејскиот полуостров, јави Jонхап.
Американскиот шпионски авион се верува дека се користи за надгледување на Северна Кореја, откако земјата најави „ново стратешко оружје“ во блиска иднина и нови активности, заради одложените разговори за денуклеаризација.
Според американски медиуми, во Северна Кореја не се забележани никакви невообичаени воени активности во последните неколку недели.