Две лица загинаа во март, во Шангај како последица на заразата од новиот вид на вирус, а една жена е во критична состојба, бидејќи лек се уште не постои.
Двајца Кинези во февруари се разболеа, а поради последиците на болеста починаа во почетокот на марта.
Една жена во соседната покраина Анхуи во почетокот на март беше заразена со истиот вид на вирус и се уште е во критична состојба.
Новиот вид на птичиј грип е откриен кога три лица беа заразени со вирус наречен Х7Н9.
До сега според Државната комисија за здравје, не е забележано пренесување на вирусот.
Во сите три случаи симптомите се висока температура и кашлица, кој што се развива во запаление на белите дробови.
Се уште не е познато на кој начин се заразиле жртвите, а лек против смртоносниот вирус не е откриен.
Елена Георгиевска