Промоција на монографијата „Првиот принцип – цртежот“ од Марија Павловска

Од:

Монографијата „Првиот принцип – цртежот“ од д-р Марија Павловска, ќе биде промовирана вечер во галеријата ОСТЕН. Промотор на делото е проф. м-р Антони Мазневски, сликар, скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност.

Станува збор за докторската теза „Историско – уметнички преглед на темата цртеж низ стиловите, низ епохите, како основа на уметничко дело” на Павловска изработена под менторство на проф. д-р Кокан Грчев, која е преточена во монографско дело.

Според менторот проф Грчев, предметот на истражувањето на овој труд на д-р Павловска е проблематиката, содржината и важноста на ликовно визуелниот линеарен запис: цртежот, третиран и разбран како примарен визуелен запис и документ кој следствено влијае врз развитокот на сите други визуелни дисциплини: сликарство, вајарство, архитектура. Притоа, историскиот развој на феноменот на цртежот е поставен во контекст на соодветно истражување на ликовно визуелниот запис.

-Ова истражување особено го подвлекува значењето на цртежот како примарна структура на секое уметничко дело, давајќи му на самиот цртеж значење и функција да опстојува и да биде препознаен како автономен документ, автономна визуелна форма. Фокусирајќи се на цртежот и обидувајки се да го постави во улога на суштина на визуелните дисциплини, истражувањето доведува кон соодветно ниво на разбирање на структурата, дефинираноста, важноста, примарноста, стабилноста, моќта на цртежот и неговиот развој, како основни елементи на темата на истражувањето, вели проф. Грчев за делото.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска