Стејт департментот го осуди протерувањето на тројца американски новинари од Кина

Од:

САД го осудуваат протерувањето од страна на Кина на тројца новинари, странски допсиници на „Волстрит журнал“ во таа земја, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

– Правилниот одговор би бил да се искажат контра аргументи, не да се забрани говорот. САД се надеваат дека кинеските граѓани ќе уживаат ист степен на информација и слобода на говорот каков што постои во американското општество, се наведува во соопштението потпишано од државниот секретар Мајк Помпео.

Како што е веќе извесно, Пекинг денеска им ги поништи акредитациите на тројцата новинари поради тоа што „Волстрит журнал“, весник за кои тие пишуваат, одби да се извини за објавената колумна во која Кина се нарекува „прав пациент на Азија“.

Кина реагираше и поради новите правила воведени во САД проти пет кинески медиуми кои ја поддржуваат кинеската Влада и Комунистичката партија на Кина.

Администрацијата синоќа соопшти дека ќе се однесува против нив како со странски амбасади, и ќе бара од нив да го регистрираат имотот и вработените во Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања