Како социјализмот од американски непријател бр.1 добива се поголема поддршка денес?

Од:

Како идеологија, социјализмот претставуваше број 1 светски непријател за САД.

Таквата интолеранција води потекло уште од двете светски војни каде кон Москва се гледаше како на сила која може во секој момент да го надвладее Вашингтон, а потоа и целиот свет.

Омразата кон комунистичките земји најголем зенит бележи за време на студената војна во кој светот политички се подели на источен и западен блок.

Промената на зборот и идеологијата на Карл Маркс се случува во поново време откако на сцената се појави сенаторот од државата Вермонт, Берни Сандерс.

Тој е познат како „Демократски социјалист“ кој дојде најблиску до номинациите во 2016 година, но загуби од Хилари Клинтон.

По поразот од американската државна секретарка Клинтон, тој не се откажа од желбата да стане првиот претседател на државата кој отворено се декларира како социјалист.

Неговата кампања на изборите во 2016, но и оваа година има претпознатливи цели кои треба да се реализираат доколку се разбира биде избран од демократите, а потоа го победи актуелниот претседател Трамп.

Сандерс честопати ќе каже „кога зборувам за демократски социјализам, мислам на здравствена заштита, јас не мислам на системот во Венецуела или Куба, јас само го земам како пример успехот на нордиските државите“

Здравствената заштита за сите граѓани, зголемување на даноците на најбогатите, покачување на минималната плата, покривањето на студентските трошоци го направија популарен помеѓу социјалистите и младите во САД.

Помеѓу студентите, трчањето за претседател на Берни Сандерс важи како едно големо народно движење кое добива позитивна реакција од таа категорија на граѓани.

Кортез и Берни Сандерс се најпознатите демократски социјалисти од редовите на демократите кои ја промовираат идеологијата на Карл Маркс, особено во делот на социјална еднаквост.

Социјализмот не е повеќе лош збор во Америка, напротив неговата популарност се зголемува преку пласирање на нејзините главни утопистички карактеристики, како социјалната еднаквост, бесплатно образование, здравствена заштита и така натаму, според новите истражувања.

Најголемата огранизација што ги застапува овие идеи е позната како  „Демократски социјалисти на Америка“. Може да се препознае по своите симболи (црвени рози и знамиња) која ги користи за време на нејзините протести, маршови.

Сенаторот е со убедливо водство пред другите демократски кандидати, по победата во Њу Хемпшир.

Веднаш по него доаѓа поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ кој се декларира како идниот „геј“ претседател.

Во јавноста постои верување дека токму Сандерс ќе биде новиот номиниран кандидат од Демократската партија на САД токму поради популарноста кој ја ужива од граѓаните, иако постојат теории на заговор дека тајкунот Блумберг ќе ја „купи“ победата откако се квалификуваше во следната фаза на дебати.

Но доколку би се споредила неговата поддршка со онаа на актуелниот претседател и кандидат од републиканците, Доналд Трамп, таа не е ни одблизу идентична или подобра.

Трамп ужива поддршка од неговата партија над 96% отсто што јасно покажува дека тој повторно ќе биде номиниран и избран од редовите на неговата партија со цел да го добие и вториот мандат.

Сепак, мора да се признае дека популарноста на сенаторот од државата Вермонт ја промени перцепцијата на зборот социјализам и истоимениот поглед кон светот кој се повеќе станува привлечен помеѓу младите во САД.

Би можело да ве интересира

Берни Сандерс ги нападна демократите за поразот на изборите

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална