Ново рочиште за „Титаник 3”

Од:

Дали ќе се воспостави конференциска видеоврска меѓу сведокот Ресмије Аземи од Германија и Кривичниот суд во Скопје или не за случајот „Титаник 3” ќе се знае на денешното рочиште за овој предмет. Минатото рочиште одржано на 29 јануари се одложи токму поради отсуството на овој сведок. Во известувањето на Судот се наведе дека сведокот на 20 декември минатата година преку е-пошта го известил Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Обвинети во овој предмет се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска

Исмет Гури и Ејуп Алими осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Ана Ололовска

По две години судење, денеска пресуда за „Титаник 3“

Ана Ололовска

„Титаник 3“ се одложува за 25 март поради коронавирусот

Ана Ололовска

На „Титаник 3” со видео-конференциска врска ќе биде сослушан сведокот од Германија

Ана Ололовска