САД: Сериозно ги разгледуваме заканите од Пјонгјанг

Од:

Белата куќа соопшти дека сериозно ги разгледува заканите од Северна Кореја, но истовремено забележува дека Пјонгјанг има историја на воинствени изјави.

Северна Кореја вчера соопшти дека корејскиот полуостров е во воена состојба заканувајќи дека ќе урне комплекс фабрики кој се наоѓа на граница со Јужна Кореја и претставува симбол на досегашната соработка меѓу двете држави.

– Видовме извештаи за нови неконструктивни наводи од Северна Кореја. Сериозно ги анализираме и за тоа прашање соработуваме со нашите сојузници во Јужна Кореја, изјави Кејтлилн Хајден, портпарол на Советот за национална безбедност.

Таа додаде дека новата изјава од Пјонгјанг е дел од досегашната матрица на воинствени изјави.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија