Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ се закани дека ќе бидат притворени сторителите кои што во центарот на Белград лепеле антиеврејски плакати.
Тој истакна дека сите они кои што се обидуваат да фрлат вина на Србија и да ја засрамат државата со антиеврејски плакати и графити ќе бидат санкционирани.
-Ние ги почитуваме сите човекови права, слободата на изразување, па немате право да го поттикнувате другиот народ на агресивни акти. Не можете на државата да и го уништите угледот – порача Вучиќ.
Елена Георгиевска