Одлични резултати на #МојаНаграда во првите два месеци, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

Од:

Првите два месеци од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта уествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен.

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По отпочнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.

Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77%.

Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочно дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка. Имено, со наградната игра се мотивираат граѓаните да бараат сметки и да скенираат и откако ќе го надминат месечниот лимит за поврат на ДДВ, како и да земаат сметки и со помал износ на ДДВ, во духот на кампањата на наградната игра „секоја фискална сметка е важна“.

Би можело да ве интересира

Преку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра

Ана Ололовска

Се исплаќа повратот на ДДВ кај физичките лица, на сметките ќе добијат 6,1 милион евра

Ана Ололовска

Во февруари исплата за скенирани фискални во четвртиот квартал од 2020, граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра

Жарко Настоски

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, налозите доставени, исплатата утре и задутре

Ана Ололовска

Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

Ана Ололовска

УЈП: Исплатени 4.37 милиони евра од МојДДВ за второто тримесечје

Жарко Настоски