ВИДЕО+ФОТО: На проектот вреден 2.500.000 евра во Штип се работеше само пред изборите

Од:

Општина Штип на крајот од 2011 година доби кредит од Светската банка во висина од 2.000.000 евра за проектот  „Уредување на централното градско подрачје“, кој ги опфаќа реконструкцијата на градскиот плоштад и уредувањето на кејот на реката Отиња со пет платформи, кои ќе обезбедат 130 паркинг-места. Доделениот кредит е со грејс-период од 3 години и рок на враќање од 10 години.

Меѓународниот тендерот за изградба на платформите го доби бугарската фирма „Кибалт, чија финансиска проекција за завршување на овој проект изнесуваш 1.599.435 евра и времетраење од  18 месеци. Договорот меѓу Општината и бугарската фирма беше потпишан на 4 април 2012 година.

Градежната офанзива започна во јуни, но траеше едвај месец и половина. Причината за застојот во работата од страна на бугарската фирма „Кибалт“ и Општината беше лоцирана во хаосот што се појави поради невпишаниот подземен катастар на електрични инсталации во река Отиња. Поради ваквиот проблем дополнително се утврди потребата од изградба на канал што ќе го реши овој проблем.

Опозициските партии што се дел од политичката сцена во Штип веднаш реагираа дека ваквите непланирани активности дополнително ќе ја  зголемат цената на проектот, која и онака е превисока, од причина што покрај основниот износ, Општината би требала да плати и камата од 735.000 евра , а со тоа проектот би чинел над 2.500.000 евра.

Проблемот со инсталацијата требаше да биде решен за еден месец, а според Александар Арсовски, координатор на проектот „Платформи на река Отиња“,во изјава за локалните медиуми дадена уште на 10 августминатата година, и првата платформа требаше да биде завршена до крајот на октомври. Но, наместо ова, дојде до целосен прекин на изградбата. Од Општината се правдаа дека проблемот со инсталацијата е посериозен од очекуваното и е потребно повеќе време за негова санација.

Покрај обвинувањата што доаѓаа од опозицијата, локалната власт се соочи и со шпекулациите што кружеа меѓу штипјани. Механизацијата што во претходната половина година можеше да се забележи во речното корито, сега беше отстранета, а тоа им даваше право на штипјани да се сомневаат дека бугарската фирма „Кибалт“ крена раце од изградбата, поради неисполнување на обврските од страна на Општината.

[nggallery id=166]

Во емисијата „Став“ од 26 јануари, која оди на една од  локалните телевизии во Штип, ваквите шпекулации беа демантирани од страна на координаторот на проектот, Александар Арсовски.

„ По сите преговори и договори што ги имаме со фирмата ’Кибалт‘, се планира до крајот на месец февруари, најдоцна до почетокот на месец март, да имаме две готови платформи. Платформата што е на стационажа плус 450 км, односно паралелно со плоштадот, треба да биде целосно готова, вклучувајќи го и слојот на асфалт, додека, пак, другата на платформа кај Стопанска банка ќеѝ биде готова само плочата, можеби ќе стаса и да се асфалтира, значи до крајот на февруари, почетокот на месец  март. Останатите три платформи ќе бидат готови до крајот на рокот предвиден во договорот“, изјави Арсов во емисијата „Став“.

Временските непогоди како да работеа против локалната власт на Општината. Поројните дождови на крајот од месец февруари што го зафатија источниот дел на Републиката, предизвикаа излевање на река Отиња, поради што дојде до оштетување на инсталациските канали што беа во изградба. Општината ја премолчи висината на настанатата штета и покрај тоа што санацијата  ја погоди општинската каса.

Зрак надеж дека сепак проектот што ги задолжи штипјани ќе биде завршен, дојде на самиот старт од изборната кампања за локалните избори во 2013.  На 5 март градежната офанзива повторно започна, но сомнежот кај штипјани не замина. Наместо механизацијата на бугарската фирма „Кибалт“, на проектот се работеше со механизацијата на фирмата „Бетон“- Кочани.

Помина и месец март, а ниту една од платформите не ја дочека својата завршница. На штипјани им останува да чекаат подобри времиња во кои општинските власти ќе ги оправдаат задолжувањата.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески