Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека нема да се вклучи во дијалог со лидерите на самопрогласената Република Донбас.
– Ние сме подготвени да разговараме со мирното население на овие територии, но не сме подготвени да разговараме со оние кои не се признати од меѓународната заедница, рече Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.
Тој додаде дека жителите на Донбас треба да бидат вклучени во мировните преговори во Минск за да можат да учествуваат во дебатата за нивната „светла иднина како дел од интегрална Украина“.
Говорејќи за повлекувањето на силите во Донбас, Зеленски рече дека треба да се одвива на секторски принцип.
Претседателот на Украина тврди дека преминот од еден сектор во друг е можен само откако специјалната мисија на ОБСЕ потврди дека во секторот нема нелегални вооружени групи, оружје и воена опрема.