Нови мерки во Пекинг поради коронавирусот

Од:

Во Пекинг се воведени нови мерки, со кои се обврзуваат сите кои пристигнуваат во кинескиот главен град да се самоизолираат во траење од две недели.

Денешното предупредување на градските власти во Пекинг е дека ќе бидат казнувани сите кои избегнуваат двонеделна самоизолација или не ги почитуваат официјално пропишаните мерки.

Кинеските власти се борат да спречат натамошно ширење на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 1.300 луѓе.

Весникот „Дневен Пекинг“ го објави соопштението на Работната група за превенција од ширење на вирусот во Пекинг, во кое се наведува дека мерката веднаш стапува во сила и се обврзуваат сите кои пристигнуваат во Пекинг да се самоизолираат во своите домови и таму каде што престојуваат или, пак, да направат групна опсервација во траење од 14 дена од доаѓањето во престолнината“.

Секој што пристигнува во Пекинг има обврска однапред да го даде на увид својот план за патување.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски