Вучиќ: Србија е подготвена на компромис, но нема да прифати сопствено укинување

Од:

Првиот вицепремиер во српската Влада Александар Вучиќ порача денеска дека Србија е подготвена на компромис во дијалогот за Косово, но дека нема да го прифати сопственото укинување и понижување, јави Танјуг.

Вицепремиерот прес-конференција истакна дека на Белград на последната рунда преговори му е понудено „апсолутно ништо“.

Како што рече, Србија не може да прифаќа ништо, веќе да бара нешто за да има иднина и оти е подготвена и на тешки одлуки и да ја плати цената.

– Србија во поновата историја не се нашла во посложена ситуација кога станува збор за Косово, и порача дека Србија ќе прави компромиси, но дека ЕУ, САД и други мораат да покажат дека не сакаат понижување за Србија, рече Вучиќ.

Тој рече дека е подготвен, ако треба и „пеш да замине за Брисел за преговорите на 2 април“, но додаде дека за составот на српската делегација државното раководство ќе решава во понеделник.

– Бараме од ЕУ, без тешки зборови кон Приштина, да води сметка за Србија, за интересите на нашиот народ на Косово. Притисоците дека нечии политички кариери ќе бидат завршени – не водат кон ништо, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ