За Денот на вљубените, американците ќе потрошат околу 27 милијарди долари

Од:

Според аналитичарите, граѓаните на САД на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари.

Овој 14 февруари, според прогнозите, ќе биде рекорден по потрошувачката.

Американците во 2018 година, потрошија 19,6 милијарди долари, а во 2017 година вкупно 18,2 милијарди.

Од минатата година зголемен е и бројот на луѓето кои го слават овој празник. Сега тој број изнесува 55 отсто од популацијата.

Според извештајот на Националната федерација за малопродажба, 62 отсто од луѓето на возраст од 35 до 44 години ќе го одбележат овој празник, што е поголем процент од оние во групата од 25 до 34 години, од кои слават 60 отсто.

Од друга страна, само 46 отсто од постарите од 65 години ќе го слават Денот на вљубените.

Според проценките, заљубените трошат рекордни 198 долари по личност, додека во 2019 година таа сума изнесува 161 долар.

epa08216114 Flowers and gifts for Valentine’s Day are displayed for sale at a local store in Commerce, Texas, USA, 13 February 2020. Valentine’s Day is celebrated around the globe every year on 14 February. EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Како и претходно, мажите трошат повеќе од жените, 291 долар трошат мажите, а 106 долари жените.

Минатата година 2,4 милијарди долари се потрошени за колачи, 1,3 за честитки, 2,3 милијарди за цвеќиња и 5,8 милијарди долари за накит.

За излегување по ресторани, кафулиња и кино потрошени се околу 4,3 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Прочитајте зошто подароците за Денот на љубовта се посебни

Ана Ололовска

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

ВИДЕО: Внимание кон сопругот за Денот на вљубените – му подарила слики од сите жени што ги „лајкувал“ на Инстаграм

Жарко Настоски