Воено-воздухопловните сили на САД објавија дека 2,1 милиони долари ги чинело испраќањето на двата бомбардери Б-2, способни да носат нуклеарно оружје, во тренажниот лет над Јужна Кореја.
Вкупното време на летање на двата Б-2 „Спирит“ било 75 часа, изјави претставник на воено-воздухопловните сили. Авионите изминале 10.500 километри од военовоздухопловната база Вајтман во државата Мисури до Јужна Кореја и обратно во четвртокот.
Испраќањето на авионите беше во рамки на заедничките воени вежби на вооружените сили на САД и Јужна Кореја, што се организираат секоја година.
Според соопштението на американската команда тоа ја демонстрира способноста на САД да нанесат прецизни напади на далечни растојанија, како и одлучноста да ја гарантираат безбедноста на сојузниците во Азиско-пацифичкиот регион.