Груевски: Бранко Црвенковски е специјалист за лажна реторика

Од:

Премиерот Никола Груевски во пресрет на вечерашниот минитнг на СДСМ во Прилеп изјави дека граѓаните на Прилеп и на цела Македонија може да препознаат лажна реторика од конкретни дела. Според него, Бранко Црвенковски вечерва ќе треба да се изнамачи да им објасни на прилепчани зошто ништо не направи за нив.

„Тој ќе се изнамачи да објасни како сега се даваат по 60 денари од килограм за тутун, субвенција за тутунарите од Прилеп и цела Македонија, а во времето кога тој беше премиер не се даваше ништо. Како тоа, во последните три години владата даде околу 70 милиони евра на тутунарите во Македонија како субвенција во просек околу 23,5 милиони евра секоја година, лани околу 25, оваа година околу 22,5, две години претходно слична сума. Така што само за последните три години се дадени околу 70 милиони евра споредено со нула од другата страна во времето на Бранко Црвенковски, кога тој беше премиер. Така што баш ме интересира како сето тоа ќе им го објасни денеска на митингот. Што ќе им каже зошто кога тој можеше да дава субвенции и да ги помага тутунарите не го правеше тоа, рече Груевски..

Црвенковски, според премиерот ќе е тешко да го објасни тоа што во времето на транзицијата, на приватизацијата во Прилеп околу 10 илјади граѓани останаа без работа, а ги посочи и неостварените ветувања за „октоподот“.

„Трета работа што се надевам ќе најде начин да им објасни како не го оствари ветувањето да се справи со октоподот, а тоа го очекуваат околу 10 илјади штедачи на ТАТ коишто загубија големи пари во времето на ТАТ и на коишто Бранко Црвенковски, јавно од говорницата во Парламентот им вети дека ќе го фати откоподот и ќе се справи со него“, рече Груевски.

Премиерот Груевски изјави дека дека Бранко Црвенковски е специјалист за лажна реторика.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он