Со двата полуфинални натпревари вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје продолжува четиридневната програма од кошаркарскиот Куп на Македонија.
Програмата ќе ја отворат бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри. Почетокот на дуелот кој воедно претставува и реприза на ланското финале е во 18 часот.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат екипите на Кожув и Куманово. Почетокот на овој натпревар е од 20 часот и 45 минути.
Победниците ќе играат во утрешното финале кое е закажано за 19 часот. Во предигра на финалниот натпревар ќе се одигра младинското куп финале меѓу Вардар и Струмица.