Ферер – Мареј во финалето на АТП туринирот во Мајами

Од:

Шпанскиот тенисер Давид Ферер и Британецот Енди Мареј ќе играат во утрешното финалето на турнирот во Мајами. Ферер во првото полуфинале по двочасовна борба го победи Томи Хас (Германија) со 4:6, 6:2 и 6:3.

Вториот финалист доцна синоќа беше поуспешен од Французинот Ришар Гаске исто така со 2:1 во сетови – 6:7, 6:1 и 6:2.

Давид Ферер има можност да стане првиот Шпанец кој го освоил турнирот во Мајами. Претходно Рафаел Надал во три финалиња беше поразуван, а по еднаш во завршниот меч загубиле Карлос Моја и Серхи Бругера.

Во женското финале денеска од 17 часот ќе играат Марија Шарапова (Русија) и Серена Вилијамс (САД).

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех