Славниот холивудски актер Џеки Чен најави дека нема повеќе да глуми во акциони филмови со насилство и тепање.
Филмот „Chinese Zodiac” ќе биде последен филм со таква содржина во кој тој ќе глуми.
„Ова е мој последен акционен филм, Ги сакам филмовите но не и насилството“, изјави Чен на филмскиот фестивал во Кан.
Џеки Чен кариерата ја започна како каскадер во филмот на Брус Ли „Fists of Fury” (1972).