ВИДЕО: Експлозија на гасовод во Белград

Од:

Во близина на тунелот Стражевица во белградскиот кварт „Петлово брдо“ утрово, околу 7 часот и 30 минути, експлодира гасовод. Во експлозијата нема повредени.

Пламенот беше висок 40 метри, но не предизвика опасност за населението, бидејќи првите куќи се на околу еден километар од местото на пожарот.

Четири противпожарни возила на „Србијагас“ со 15 пожарникари учествуваа во гаснење на огнот.

Причина за експлозијата е дефект во гасниот систем на магистралниот гасовод МГ-05 крај Ибарската магистрала, јави Танјуг.

 Поради хаваријата без гас денеска ќе останат две села во непосредна околина.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ