Јешиќ: Јадеме најлоша храна во Европа

Од:

Секретарот за земјоделство во Војводина, Горан Јешиќ изјави дека тие воведуваат свој систем за контрола на храна и оцени дека граѓаните на Србија јадат најлоша храна во Европа.

Јешиќ смета дека аферите со присуство на афлатоксин во млекото, потоа со месото и јаболките, отворија многу прашања за безбедносната храна која што се конзумира.

Најголемата количина од храна која што ја конзумираме во Европа е најлоша –изјави Јешиќ.

Според неговите зборови Војводина ќе го контролира квалитетот на храната, без оглед на тоа што функционерите им се закануваат дека за тоа ќе ги притворат.

Единствено ние се обидуваме да го поправиме квалитетот на млекото, за разлика од владата на Србија. Одлуката на владата да се промени правилникот за дозволената количина на афлатоксин во млекото не можеше да го смисли ниту Монти Пајтон – смета тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ