Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ

Од:

Националната опера и балет во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од проф. д-р Владимир Величковски, а во фоајето ќе отвори и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Трајановиќ.

Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на Операта во Националната опера и балет.

Настанот ќе има и музичка програма со настап на оперските солисти Славица Петровска-Галиќ, Марјан Николовски и Васко Здравков, во придружба на пијанистката Елена Силјановска и балетската солистка Ивана Коцевска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска