Груевски и Кралев отворија спортска сала

Од:

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование Панче Кралев денеска ја пуштија во употреба новата спортска сала во основното училиште „Димка Ангелов Габерот“ во Кавадарци, каде настава следат 716 ученици.

Спортскиот објект со површина од 650 м2, чини 24 милиони денари, пари од буџетот и Банката за развој при Советот на Европа. Салата е енергетски ефикасна, со гардеробери, туш-кабини, санитарни јазли, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности, а ќе биде достапна и за рекреација на жителите на општина Кавадарци. Во неа покрај спортски можат да се одржуваат и културни манифестации.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните