Компанијата која што раководи со оштетената јапонската нуклеарна централа во Фукушима призна дека ќе сноси голем дел од вината за нуклеарната криза која што беше предизвикана со земјотресот и цунамито.
Ова е најдиректно признавање на одговорност од Токиската компанија за електрична енергија, поради пропустите кои што доведоа до катастрофа.
Компанијата призна дека во извештајот кој што е објавен денес не е подготвена да се носи со земјотресот и цунамито кои што ја погодија северноисточна Јапонија, во март 2011 година.
Претходно ТЕПСО тврдеше дека цунамито допринесе за кризата и дека тие не можеле да го предвидат тоа.
Во новиот извештајот стои дека опремата и безбедносните мерки на компанијата не биле доволни и дека затоплувањето на јадрата на реакторите требало да се избегне.
Се наведува дека компанијата не се обидела да ја извести јавноста за последиците и проблемите кои што можат да настанат.
Нуклеарниот инцидент во Фукушима е најголема светска нукелеарна катастрофа, по онаа од Чернобил во 1986 година.
Елена Георгиевска