Бломајер: Србија нема да добие датум доколку не ги исполни условите

Од:

Германскиот амбасадор на Косово, Петер Бломајер, изјави дека Србија не може да добие датум за почеток на разговорот за членство во ЕУ, доколку не ги исполни седумте услови кои ги поставија германските официјални лица.

Тој додаде дека Србија ќе остане без датум за преговори, доколку не ги отстрани своите паралелни структури на север на Косово, што е еден од четирите барања кои се однесуваат на Косово.

Германскиот амбасадор оцени дека она што е предложено во Брисел во спротивност со изјавите на премиерот на Косово, Хашим Тачи дека асоцијацијата нема да има извршни овластувања и дека нема да се дозволи создавање на трето ниво на власт, бидејќи би било против уставно.

Зборувајќи за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Бломајер оцени дека заедницата на општините со српско мнозинство треба да функционира во рамнотежа со законите на Косово.

Според неговите зборови не постои план Б за север на Косово, доколку дојде до неуспех во разговорот.

-Од резултатот на дијалогот ќе зависи дали ЕУ ќе започне разговори со Косово во врска со договорот за стабилизација како и дали Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за членството, оцени тој.

Германскиот амбасадор нагласи дека ЕУ не сака во членство да прими држава цо нерешени прашања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ