Лекари без граници: Мигрантите во Мексико се жртви на насилство

Од:

Мигрантите од Централна Америка трпат насилство во Мексико додека се обидуваат да влезат во САД, соопштија Лекари без граници (МСФ).

Во извештајот на оваа организација се наведува дека во првите двеет месеци од 2019 година во градот Нуево Ларедо, што од САД го дели само реката Рио Гранде, речиси 80 отсто од мигрантите кои биле лекувани од нив, изјавиле дека биле жртви на насилство, покрај останатото и на киднапирања.

Лекари без граници наведуваат дека од 41 лице кое било лекувано во рамките на програмата „останете во Мексико“, 18 од нив или 44 отсто навеле дека неодамна биле киднапирани, пренесуваат американските медиуми.

Следниот месец бројот на оние кои кажале дека биле киднапирани нараснал на 75 отсто, а некои од нив грабнувачите ги терале и да работат. Покрај киднапирања, мигрантите биле жртви и на силувања и трговија со луѓе.

Нуево Ларедо е еден од седумте погранични градови од каде САД ги враќаат мигрантите во рамките на програмата што почна во јануари минатата година.

Државата Тамаулипас, во која се наоѓа градот Нуево Ларедо, е упориште на мексиканските картели.

Остантите мексикански градови во кои мигрантите чекаат одговор на барањата за азил во САД, исто така, се сметаат за опасни места заради активностите на бандите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија