Бунтовниците поддржани од Турција денеска соборија хеликоптер во северозападна Сирија, за кој се претпоставува дека е на сириската армија.
Турската телевизија „ТРТ Хабер“ јави дека хеликоптерот е соборен јужно од Идлиб.
Телевизијата не наведе повеќе детали за инцидентот, што се случи еден ден откако силите на сириската Влада убија пет турски војници во северозападниот дел Сирија.